• понеделник, 16 декември 2024

Путин го назначи Хинштајн за вршител на должноста гувернер на регионот Курск

Путин го назначи Хинштајн за вршител на должноста гувернер на регионот Курск

Москва, 6 декември 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска го назначи шефот на Комитетот за информатичка политика на Државната дума, Александар Хинштајн за вршител на должноста гувернер на регионот Курск.

Указот за назначување на Хинштајн е објавен на веб-страницата на Кремљ.

На средбата со Хинштајн, нудејќи му ја функцијата вршител на должноста гувернер на Курската област, рускиот претседател истакна дека во моментов таму е потребен кризен менаџмент. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан