• сабота, 23 ноември 2024

ПСЖ промовираше ново засилување од Ајнтрахт Франкфурт

ПСЖ промовираше ново засилување од Ајнтрахт Франкфурт

Париз, 9 август 2024 (МИА) - Пари Сен Жермен официјално го објави потписот со еквадорскиот централен дефанзивец Вилијан Пачо од Ајнтрахт Франкфурт.

Парижаните за дефанзивецот ќе платат 40 милиони евра фиксна сума плус уште 5 милиони евра во вид на можни бонуси, а договор е до крајот на летото 2029. Така, ПСЖ повторно направи скапа набавка од германскиот клуб, откако изминатото лето оттаму го привлече и Рандал Коло Муани за близу 95 милиони евра.

Еквадорецот Пачо ќе го носи бројот 51 во својот нов клуб.

Минатата сезона беше важен дел од тимот и настапи на 44 натпревари за Ајнтрахт, на кои имаше две асистенции. Пачо има и 16 натпревари и 2 гола за репрезентацијата на Еквадор, како стартер на сите средби на неговата селекција во изминатата Копа Америка.

-Многу сум среќен што му се приклучувам на Пари Сен Жермен. Се надевам дека ќе го донесам мојот карактер и ќе ја покажам сета своја одлучност да освојам многу трофеи, изјави Вилијан Пачо. дс

Фото: ПСЖ

Остани поврзан