• понеделник, 23 декември 2024

Прoменливо облано, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Прoменливо облано, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Времето ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ=7 Во Скопје, прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени. До сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата. И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.

Остани поврзан