• недела, 24 ноември 2024

Прскање против комарци и дератизација на шахтите во Струга

Прскање против комарци и дератизација на шахтите во Струга
Струга, 1 јуни 2021 (МИА) – На територијата на општина Струга утре ќе се врши дератизација на шахтите, а следните два дена прскање против комарци. Општинската прес-служба соопшти дека дератизацијата на шахтите ќе се врши утре, а на трети и четврти јуни ќе се спроведе копнено прскање против комарци (ларвицидна дезинфекција и аеросолна дезинфекција). - Прскањето ќе се изврши во период од 20 до 06 часот наутро, со апарати, односно ладно прскање. Дезинсекцијата ја опфаќа целата територија на општина Струга. Се известуваат граѓаните, кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Струга да ги преземат сите соодветни мерки за заштита на пчелните семејства, соопштуваат од Општина Струга. Дератизацијата и дезинсекцијата, како што е наведено, ќе ја врши јавното претпријатие „Водовод и канализација“, со надзор од општина Струга, врз основа на договор склучен со компанијата за јавна набавка. сс/свс

Остани поврзан