• понеделник, 18 ноември 2024

Процесот „Учи паметно, работи стручно“ привлече над 450 компании кои сакаат да примат ученици на практична работа

Процесот „Учи паметно, работи стручно“ привлече над 450 компании кои сакаат да примат ученици на практична работа
Тетово, 12 февруари 2021 (МИА) - Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во Тетово, каде учествуваше на консултативен состанок со претставници од компаниите, локалната самоуправа и средните стручни училишта во рамки на процесот „Учи паметно, работи стручно“, посочи дека стотици компании веќе искажале интерес да примат средношколци на практична работа. Според премиерот целта на овој процес е да се подготват колку што може повеќе млади кадри според потребите на пазарот на труд. -Се работи за висока профилација на млади кадри коишто заедно во соработка со компаниите во текот на целото средно образование практично да ги остручиме и обучиме и да бидат подготвени за пазарот на трудот. Се пријавија повеќе од 450 компании подготвени да соработуваат со општините но и со средните стручни школи се со конечна цел да дадеме внимание и има привлечност кај децата за нивно запишување во средното стручно образование, рече Заев. Тој посочи дека со практичното надоградува од прва до четврта година, лесно може да им обезбеди работно место да бидат сериозно квалификувани и да биде држава компетитивна со другите земји. -Стручното образование овозможува продолжување во високото образование на сите технички факултети да се доусовршат. Ја упатувам пораката до сите македонски компани да ги отворат вратите за сите средношколци да се стекнат со практични вештини, придобивка за компаниите ќе биде тоа што ќе имаат веќе стручно подготвени млади кадри кои по завршување на средното образование би биле ангажирани во самите компании. За децата тоа ќе значи дека ќе бидат подготвени да влезат во фабриките и погоните и да бараат добра плата и да можат да го креираат својот живот како млади луѓе, истакна Заев. Заменик министерот за образование Арафат Шабани истакна дека се прават анализи за профилирање во средното стручно образование низ целата држава. -Ние како Министерство за образование и наука со помош на амбасадата на Швајцарија ги правиме овие анализи и денеска во Тетово заедно со компаниите правиме анализа за пазарот на трудот да дефинираме кои профили за иднина учебна година се потребни, рече Арафат Шабани. Амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада истакна дека нејзината земја отсекогаш ги поддржува ваквите чекори. -Ние во Швајцарија велиме дека ова е еден од нашите најголеми извозни продукти, би сакале учениците во стручни училишта да не учат само теорија туку да работат и практично. Се надевам дека во иднина ќе формираме еден систем од кој ќе му служи на приватниот сектор, рече амбасадорката. Тетовската градоначалничка Теута Арифи истакна дека заложбите на процесот сè што повеќе да се зголеми квалитетот во стручното образование и тие ученици што побрзо најдат вработување. ас/ир/

Остани поврзан