Противпожарни препреки кон Тиквешко Езеро
- Противпожарни препреки се направени на патот кон Тиквешко Езеро, со цел спречување на појава на пожари, информираа попладнево од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Кавадарци, 7 април 2025 (МИА) - Противпожарни препреки се направени на патот кон Тиквешко Езеро, со цел спречување на појава на пожари, информираа попладнево од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.
- По барање од ТППЕ Кавадарци до општина Кавадарци и во соработка со Ј.П Комуналец поддржано од градоначалникот Митко Јанчев, се изврши обновување но и правење на нови противпожарни препреки на дел од висорамнината Витачево поточно од Куманичево спрема Тиквешко езеро наспроти Полошки манастир, соопштија од противпожарната служба.
Целта на ова превентивно дејствување е, како што нагласија, за во случај на настанување на пожар.
- Противпожарните препреки се користат како „одбранбена позиција“ за гасначите на пожар. Тие се користат како индиректен метод за гаснење на пожарот, кои се базираат со отстранување на горливата материја од теренот, со што се добива на време но и за користење на истите за побрзо пристигнување на местото со противпожарни возила, појаснија од противпожарната единица. свд/са/
Фото: ТППЕ Кавадарци