• петок, 08 ноември 2024

Протест на медицински сестри и немедицински персонал во Загреб

Протест на медицински сестри и немедицински персонал во Загреб

Загреб, 11 мај 2023 (МИА) - Синдикатите на хрватските медицински сестри и немедицинскиот персонал денеска во 11 часот организираат протест во Загреб на кој уште еднаш ќе ги истакнат барањата за зголемување на коефициентот на плата за најмалку десет проценти и подобрување на условите за работа.

На протестот под слоганот „И ние сме здравство“ најавени се меѓу 500 и 1.000 учесници, медицински сестри, техничари и немедицински персонал од цела Хрватска.

Организатори се Хрватскиот сојуз на медицински сестри и Самостојниот здравствен синдикат, кои посочуваат дека медицинските сестри, техничарите и немедицинскиот персонал се недоволно платени, преоптоварени и работат во лоши работни услови. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан