• понеделник, 16 декември 2024

Прооден патот до тетовска Луковца по речиси дводневна недостапност поради снег 

Прооден патот до тетовска Луковца по речиси дводневна недостапност поради снег 

Тетово, 2 декември 2024 (МИА) - Снегот што паѓаше викендов беше причина да биде затрупан патот од месноста Крстец до селото Луковица, Општина Желино, а делницата биле пробиена денес околу пладне.  По пријава на жителите од Луковица, општината ангажирала фирма за расчистување на патот. 

Според жителите патот е пробиен но снег се уште има на патот. 

-Јас бев во Луковица од 11.30 часот во сабота, кога почна да врне, а вечерта беше најинтензивно. Во неделата имаше околу 25 до 30 сантиметри во село, а на погорните делови од 1200 метри поголеми количини на снег. Пробавме со теренски возила и со ланци, но никако не можевме да излеземе зашто снегот беше над 40 сантиметри. Се јавив во Општина Желино, денес од сабајле  пак интервениравме и некаде од кај 12 часот багерот го исчисти патот, изјави Миле Сибиноски од месната заедница.

Тој препорача луѓето во ова место да одат само со теренски возила, со оцена дека леките возила нема да можат да ја поминат делницата поради остатоците од снег. ас/дма/


Фото: Миле Сибиноски

Остани поврзан