Пронајдени четири гранати во Охридското Езеро кај Пештани
- Четири гранати се пронајдени во Охридското Езеро, кај Пештани.
![Пронајдени четири гранати во Охридското Езеро кај Пештани](https://mia.mk/index.php/images/20230327095448_big_730x400_74.webp )
Охрид, 18 февруари 2022 (МИА) - Четири гранати се пронајдени во Охридското Езеро кај Пештани.
Случајот бил пријавен на 15 февруари 2022 година во СВР Охрид.
-Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што се безбедно подигнати за натамошна постапка, соопшти СВР Охрид. аб/мд/