• среда, 12 март 2025

Промоција на медиумски стории избрани по распишаниот јавен повик на ЗНМ и Гете институт

Промоција на медиумски стории избрани по распишаниот јавен повик на ЗНМ и Гете институт
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Текстови и мултимедијални продукти, изработени од четири избрани новинарски екипи по двајца новинари, ќе бидат промовирани денеска, информираа од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Новинарските содржини се изработени во соработка и мониторирани од страна на тричленото жири во состав Анета Додевска, Филјана Кока и Теофил Блажевски. ЗНМ и Гете – институт Скопје распишаа јавен повик за изработка на медиумски стории (текстови или мултимедијални продукти) на социјални теми преку кои ќе се поттикнат теми од јавен интерес во медиумите, а истовремено ќе поттикнат и меѓу редакциска солидарност во новинарската фела. На промоцијата ќе се обратат Катрин Оствалд-Рихтер раководител на Гете-институт Скопје и  претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски. рп/мд/  

Остани поврзан