• сабота, 23 ноември 2024

Промоција на Анализа на родовите (не)еднаквости

Промоција на Анализа на родовите (не)еднаквости

Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) - Во организација на Националниот младински совет на Северна Македонија - НМСМ и Мрежата Стела денеска ќе биде промовирана Анализа на родовите (не)еднаквости во Северна Македонија. 

Како што информираат од НМСМ, целта на анализата е да даде сеопфатно разбирање за перцепцијата за родова еднаквост помеѓу младите луѓе во нашата држава и да придонесе кон креирање  политики согласно потребите на младите во оваа област.

Настанот е дел од проектот „Eднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, кој е фокусиран на родовиот јаз.

-Преку активносите на проектот работиме на поддршка и поттикнување на сите девојки и млади жени, од сите средини, да бидат поактивни во општеството, како и на креирање поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки, посочуваат од НМСМ. фф/хс/

Фото: Фејсбук на НМСМ

 

 

Остани поврзан