• среда, 25 декември 2024

Промовиран осмиот албум на Васил Хаџиманов Бенд „Кејф“

Промовиран осмиот албум на Васил Хаџиманов Бенд „Кејф“

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Осмиот студиски албум со наслов „Кејф“ на Васил Хаџиманов Бенд беше промовиран денеска во фоајето на Македонски народен театар. 

Албумот е издаден во дигитален и CD формат од страна на хрватската издавачка куќа Croatia Records и содржи девет песни продуцирани од Васил Хаџиманов, Марко Периќ и Тони Китановски.

Васил Хаџиманов на денешната прес-конференција истакна дека уживал додека го снимале албумот и дека е задоволен како испаднал.

Продуцентот Тони Китановски посочи дека ова му е трета соработка со Хаџиманов.

-Васил Хаџиманов е музичар со единствен сензибилитет. Како пијанист, композитор, аранжер и педагог, тој е незаменлива врска на регионалната џез сцена и поединец кој во себе носи дел од своите предци кои, секој на свој начин ги обележија музичките простори на Балканот, беше посочено на прес-конференцијата.

Новиот студиски албум на Васил Хаџиманов Бенд ќе биде претставен на концерт во Македонскиот народен театар на 12 април.ар/лв/

фото.МИА 
 

 
 

 

Остани поврзан