Променливо облачно, попладне со сончеви периоди

Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во петок ќе се зголеми облачноста. Од петок попладне и за време на викендот ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе имаат пообилен карактер.