• недела, 21 јули 2024

Променливо облачно и студено со сончеви периоди

Променливо облачно и студено со сончеви периоди
Скопје, 23 март 2021 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има повремен снег, а во југоисточните делови дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната од 2 до 9 степени. Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Повремено ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина над 60км/ч. Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, додека утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нула.

Остани поврзан