• понеделник, 17 март 2025

Променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи

Променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 13, а максималните ќе достигнат од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 10, а максималните ќе достигнат до 24 степени.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан