• недела, 28 јули 2024

Прокудин: Три лица загинаа во руското гранатирање на Херсон

Прокудин: Три лица загинаа во руското гранатирање на Херсон

Киев, 30 јуни 2023 (МИА) - Во последните 24 часа по руското гранатирање на регионот Херсон, три лица загинаа, а четворица се повредени, објави регионалниот гувернер Олександар Прокудин на каналот Телеграм.

Тој напиша дека непријателот истрелал осум гранати врз градот Херсон.

-Руските војници погодија станбени области, објект за дистрибуција на хуманитарна помош и медицинска и образовна институција во градот. Три лица загинаа, а четворица се ранети, напиша Прокудин. мс/рп/

фото: МИА архива

Остани поврзан