• вторник, 24 декември 2024

Проекција на краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ во Струга

Проекција на краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ во Струга

Струга, 10 август 2024 (МИА) - На летната сцена при центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде прикажан краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ по сценарио на Лидија Мојсоска и Јаков Попоски.

Главните улоги ги толкуваат Ангел Ристоски и Анастасија Јованоска.

Проекцијата е во рамките на 8. издание на фестивалот за краток филм Drim Short.

Филмот раскажува приказна за две деца Борис и Кира кои работат на плажа, а чие другарство за  момент ќе биде разнишано поради влијанијата од конзервативното опкружување.

- За време на летниот распуст Борис со неговата баба издава педалинки на плажа, а неколку метри подолу на истата плажа, неговата другарка Кира продава пченки. Но Кира е малку поразлична од другите поради тетоважите кои сама си ги црта по своето тело. Тоа ќе биде причина бабата на Борис со пријателките да почнат да ја озборуваат, осудувајќи го нејзиниот изглед, редејќи најразлични етикети, па дури измислувајќи дека таа и мајка и се дел од некоја ѓаволска секта. Па  така под влијание на овие муабети Борис почнува да се сомнева во тоа дека Кира е опседната од Ѓаволот. Низ тој краток период Борис ќе биде принуден да и се спротивстави на баба му и да 
помине процес на растење што ќе помогне на крај искреното пријателство да победи, стои во описот за филмот.

„Само ѓаволот се плаши од вода“, ја освои наградата за најдобар домашен, македонски филм од  жирито на ФИЛМАЈ, Меѓународниот фестивал на краток филм Куманово 2024. Претходно овој филм беше награден и на филмски фестивали во Португалија и Црна Гора. сс/аа/

Фото: Постер

Остани поврзан