• недела, 28 јули 2024

Проектна работилница за рано детектирање и справување со пожари во Пехчево

Проектна работилница за рано детектирање и справување со пожари во Пехчево
Пехчево, 22 ноември 2022 (МИА) - Во Пехчево се одржа проектна  работилница за рано детектирање и справување со пожари. Настанот се одржа во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево каде беше промовиран проектот „Софтвер за рана детекција на пожари".
-Настанот го организираше Општина Пехчево, која е партнерска организација во проектот. Во рамки на промоцијата на проектот се разменуваа искуства во борбата со пожарите од страна на партнерските организации во Португалија и Шпанија, во делот на Андалузија, информираа од Општината.
Пред присутните се обрати пехчевскиот градоначалник Александар Китански кој рече дека тоа  беше прва средба од хибриден настан, на кој се презентираше трансфер од најдобрите успешни проекти во Европа  за справување со пожари.
-Современиот систем за рана детекција на шумски пожари во предели од посебно значење во земјава по теркот на европските земји е еден апсект од превенцијата на шумските пожари кој се предвидува во рамките на проектот, додаде Китански.
На настанот учествуваа претставници од територијалните противпожарни единици од Делчево и Берово, како и Доброволното противпожарно друштво од Пехчево.
Проектот „Софтвер за рана детекција на пожари" е финансиран од EIT Climate KIC во вредност од 10.000 евра. вс/хс/

Остани поврзан