Продолжува Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД
- Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што отвора Стратешки дијалог со САД, кој воедно претставува надградба на досегашното стратешко партнерство меѓу двете земји и подигнување на

Скопје, 3 јуни 2022 (МИА) - Во Вашингтон продолжува Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД во кој досега се одржаа неколку сесии на кои беа отворени теми од интерес за соработка меѓу двете земји.
Во вториот дел од дијалогот ќе се одржат панелите за Владеење на право и Добро владеење, Трговија и инвестиции. Се очекува биде направен и пресек на билатералната соработка.
Стратешкиот дијалог почна вчера со воведни обраќања на шефовите на делегациите, министерот за надворешни работи Бујар Османи и државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Карен Донфрид.

Во рамките на дијалогот беше направен преглед на состојбите и напредокот на земјата по сите теми, како и улогата и поддршката која САД ја обезбедуваат во сите области од взаемен интерес. Беа усогласени голем број теми.
Во вториот дел од Стартешкиот дијалог покрај присутните министри, преку видео конференциска врска ќе се вклучи и заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
