• вторник, 24 декември 2024

Продолжија истражувањата на езерската наколна населба „Мрдаја“ во Дојран

Продолжија истражувањата на езерската наколна населба „Мрдаја“ во Дојран

Струмица, 17 септемвеи 2024 (МИА) -Археолошките истражувања на езерската наколна населба ,,Мрдаја'' во Дојран, продолжија на  10 овој месец и заради високото ниво на Езерото се истражува просторот на брегот оддалечен триесетина метри јужно од позициите истражувани во периодот од 2012 до 2014 година, информираа денеска од НУ „Завод за заштита на споменици на култура и музеј-Струмица“.

-Просторот кој се истражува е со димензии 10 х 5 метри, а културниот слој се појавува на длабочина од околу 1,5 метри. Низ, речиси целиот ископ се појавува огромно количество садова керамика од погруби садови, пред се садови за складирање на прехранбени продукти, но и подвижни печки, стои во информацијата.

Археолозите, според наодите од материјалната култура, населбата рамковно ја сместуваат во доцното бронзено време и преодниот период на бронзеното и железното време. рт/дма/

Фото: Завод за заштита на споменици на култура и музеј Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан