• вторник, 24 декември 2024

Продолжен рокот на конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024

Продолжен рокот на конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) - Со Одлука на Управниот одбор на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ рокот на конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ е продолжен. Крајниот рок за пријавување е 14 јуни, 2024 година.  

Како што информираат од НУМ „Струшки вечери на поезијата“, заради продолжувањето на рокот за пријавување, се поместуваат и роковите наместо 1 јули, жири комисијата треба да достави до Управниот одбор на СВП единствен предлог за добитник на наградата заклучно со 5 јули. Наместо на 3 јули, добитникот на наградата ќе биде објавен на 8 јули 2024.

Конкурсот е во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, а можат да се пријават сите автори што ги исполнуваат критериумите на конкурсот.

- Наградата „Mлада Струга“ се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант. Авторот не смее да биде помлад од 18 години, односно постар од 30 години заклучно со денот на крајниот рок на конкурсот и мора да биде државјанин на Република Северна Македонија. На конкурсот пријава може да поднесе исклучиво авторот. Еден автор може да учествува само со една необјавена поетска збирка, стои во соопштението..

Наградата Млада Струга има за цел да го поттикне поетското творештво како највисока форма на јазичен израз, коешто разбирливо, најавтентично може да се постигне кога се пишува на мајчин јазик. 

Сите автори што ги исполнуваат критериумите можат да се пријават со необјавени поетски збирки на нивниот мајчин јазик.

Доколку нивниот мајчин јазик не е македонски јазик, потребно е да испратат и седум песни во превод на македонски јазик заедно со останатите материјали наведени во условите на Конкурсот што може да ги видите тука.ар/ев/
Фото: 

Остани поврзан