• петок, 26 јули 2024

При претрес во Охрид пронајдена дрога, приведени две лица

При претрес во Охрид пронајдена дрога, приведени две лица

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - Во СВР Охрид синоќа беа лишени од слобода В.Н.(25) и А.Т.(22), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Како што информираат од МВР, при претрес извршен по добиена судска наредба во камп приколка во Охрид, што ја користел А.Т., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.бт/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан