При петрес во Куманово, пронајдени хероин, кокаин, крек, марихуана
- Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово, синоќа во 21:35 часот во Куманово го лишиле од слобода четириесет и тригодишниот кумановецот Д.М.

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово, синоќа во 21:35 часот во Куманово го лишиле од слобода четириесет и тригодишниот кумановецот Д.М.
Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, бела кристална материја – крек, марихуана и две дигитални ваги со остатоци од различни видови дрога.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/са/
Фотот:МИА архива