Пријава и решение за отстранување нелегална викендица во Радожда
- Надлежните инспекциски служби донеле решение за отстранување викенд куќа во Радожда, што била изградена нелегално. Осомничена за кривичното дело „бесправно градење“ е 74-годишна жителка Љ.Н о

Скопје, 16 март 2021 (МИА) - Надлежните инспекциски служби донеле решение за отстранување викенд куќа во Радожда, што била изградена нелегално. Осомничена за кривичното дело „бесправно градење“ е 74-годишна жителка Љ.Н од ова село на која ОВР Струга и поднесе кривична пријава.
Како што информираат од МВР, Љ.Н. во текот на минатата година, како инвеститор, на катастарската парцела во селото, без соодветна документација, изградила викенд куќа.
-Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение за отстранување на нелегалната градба, стои во дневниот Билтен на МВР. лв/бак/
фото: МИА Архива