• вторник, 06 август 2024

Пристапот до Интернет во Бангладеш е ограничен во голема мера

Пристапот до Интернет во Бангладеш е ограничен во голема мера

Дака, 5 август 2024 (МИА) - Пристапот до Интернет во Бангладеш денеска е ограничен во голема мера, соопштија давателите на услуги и телата за мониторинг, еден ден по најсмртоносните демонстрации во повеќе од еден месец антивладини протести.

Организацијата NetBlocks, која врши мониторинг за прекин на Интернет објави „големо влијание врз мобилните мрежи“, додека компанија која продава интернет-врски на големо на давателите на услуги соопшти дека „широкопојасен интернет и мобилниот интернет се исклучени“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан