• сабота, 27 јули 2024

Принцот Карл Филип ја објави првата фотографија од својот трет син

Принцот Карл Филип ја објави првата фотографија од својот трет син
Стокхолм, 29 март 2021 (МИА) - Шведската принцеза Софија и принцот Карл Филип ја објавија првата фотографија од нивниот новороден син, неколку часа по објавувањето на неговото име. Семејството ја објави фотографијата на Инстаграм. Се работи за нивниот трет син, шведскиот принц Јулијан Херберт Фолке, војводата на Халанд. Бебето е родено во петокот, 26 март, во болница близу Стокхолм. Двојката претходно ги имаше принцот Александар, роден во април 2016 г., и принцот Габриел - во август следната година. Новородениот син е седми во редот престолонаследници, за шведската круна и, осми внук на кралот Карл Шеснаесетти Густаф и кралицата Силвија. Карл Филип (41) е единствениот син, а второ дете на шведскиот крал. Неговата постара сестра, принцезата Викторија, е исто така, наследничка на шведската круна и е петта во редот на престолонаследниците. Викторија има две деца - принцот Оскар, петти во редот и принцезата Естел, деветта во редот престолонаследници. си/паг/

Остани поврзан