• понеделник, 16 декември 2024

Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот

Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот

Прилеп, 29 ноември 2024 (МИА) - Прилепскиот тутунски комбинат денеска го почна откупот на тутун од годинашнава реколта. Со ова, практично, сите 10 откупни компании го преземаат родот од тутунопроизводителите во земјава.

Отворени се пунктови во Прилепско и Радовишко, а во текот на идната недела и останатите пунктови во другите региони.

- Отворени се шест пунктови во Радовишко и 10 во Прилепскиот регион. Опфатен е пунктот во градот и пунктовите во населените места во Долненско, Демирхисарско и во Битолско. Комбинатот е подготвен во текот на идната недела да ги отвори и другите пунктови во земјава. Годинава ќе ги откупиме сите количества тутун, околу 2 000 тони, договорени со кооперантите. Обезбедени се парите за исплата, изјави на денешната прес-конференција директорот на Комбинатот, Александар Алексовски.

Комбинатот ќе врши исплата двапати неделно, во вторник и во петок. Дневно е планирано да се купуваат околу пет тони тутун. Досега се откупени преку 3,5 тони по просечна цена од 375 денари за килограм. Комбинатот е подготвен да им доплати на производителите доколку се постигне договор за зголемување на цената на тутунот.

- Бордот на директори на Комбинатот донесе одлука дека доколку дојде до покачување на цената на откупениот тутун во наредниот период, на сите кооперанти кои предале тутун, ќе им биде доплатена разликата со зголемувањето на цената, рече Алексовски.

Според Сојузот на тутунските здруженија, досега во земјава се откупени преку 110 тони тутун со просечна цена од околу 370 денари. Со отворањето на пунктовите на прилепскиот тутунски комбинат се очекува интензивирање на откупната кампања. Годинашнава реколта се проценува на 16 000 до 17 000 тутун и е со добар квалитет. ем/ир/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан