• сабота, 23 ноември 2024

Прикажување на две документарни филмски остварувања од областа на џез музиката во рамките на фестивалската „програма-плус“

Прикажување на две документарни филмски остварувања од областа на џез музиката  во рамките на фестивалската „програма-плус“

Скопје, 15 октомври 2023 (МИА) - Во рамки на фестивалската „програма-плус“ на 42. Скопски џез фестивал, вo Кино Фросина, денеска ќе бидат прикажани две документарни филмски остварувања од областа на џез музиката.

Станува збор за документарниот филм Арт пепер: Белешки на еден преживеан џезер во режија на Don McGlynn Со: Art Pepper, Laurie Pepper, Milcho Leviev, Bob Magnusson, Carl Burnett.

Документарец, снимен кратко по објавувањето на мемоари "Straight Life" (1979) на Саксофонистот Арт Пепер, го прикажува Пепер во полн сјај, комплетно прероден и освежен.

Другиот документарец е Музика за црни гулаби во Режија на Jørgen Leth & Andreas Koefoed, Jakob Bro, Lee Konitz, Thomas Morgan, Paul Motian, Bill Frisell, Mark Turner, Joe Lovano, Andrew Cyrille, Palle Mikkelborg, Jon Christensen, Manfred Eicher, Midori Takada

Music for Black Pigeons е синематичен документарен филм којшто ги истражува животите и работниот процес на некои од најреномираните и најплодни светски џез-музичари, како Јакоб Бро, Бил Фризел, Ли Кониц, Пол Мотиан и Мидори Такада. Филмската екипа изминатите четиринаесет години го придружуваше данскиот композитор Јакоб Бро низ Северна Америка, Европа и Јапонија, документирајќи ги неговите соработки со музичари од различни генерации и националности. Филмот им поставува егзистенцијални прашања на овие џез-уметници.свс/цр

Фото:МИА архива

Остани поврзан