• понеделник, 10 февруари 2025

Приведен скопјанец осомничен за физички напад и закани

Приведен скопјанец осомничен за физички напад и закани

Скопје, 9 февруари 2025 (МИА) - Скопјанец осомничен за физички напад и закани врз негов сограѓанин, во текот на вчерашниот ден бил приведен, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Во 15:10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Ј., на возраст од 56 години. Тој се сомничи дека, поради нерасчистени должничко - доверителски односи, околу 1:30 часот, со употреба на сила и погоден алат, влегол во домот на М.Б., 51-годишен скопјанец, физички и со тврд предмет го нападнал и со закана го однел во неговиот дом, каде продолжил со заканите, појаснуваат од МВР.

Подоцна, М.Б. успеал да избега и настанот го пријавил во полициска станица. По целосно документирање на случајот, како што додаваат од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан