• среда, 27 ноември 2024

Приведен скопјанец баран по потерница за даночно затајување

Приведен скопјанец баран по потерница за даночно затајување
Скопје, 14 април 2021 (МИА) -  На ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје синоќа околу 21 часот врз основа на Национална потерница од Основното јавно обвинителство, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчeво го лишиле од слобода Д.И.(51) од Скопје. МВР денеска информира дека тој бил баран за кривични дела „даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик за затајување на данок од 1.210.797 денари. Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка. цр/ЛВ/

Остани поврзан