• недела, 21 јули 2024

Приведен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката

Приведен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Во Битола вчера во 18.00 часот полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(36) од Битола.

Како што денеска соопштија од МВР, тој се сомничи дека околу 10.10 часот во Битола физички ја нападнал В.В.(73) од Битола и ѝ одзел чанта со пари.

- Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Битола, при што било пронајдено одземеното и било вратено на сопственичката. Лицето било приведено и задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се појаснува во соопштението од МВР. цр/дма/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан