• среда, 25 декември 2024

Приведен прилепчанец поради поседување пиштол

Приведен прилепчанец поради поседување пиштол

Скопје, 12 мај 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти полициските службеници од СВР Битола-ОВР, Прилеп-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп лишиле од слобода едно лице откако биле пронајдени пиштол и муниција при денешниот претрес во неговиот дом.

 - На 12.05.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Д.Т.(64) од Прилеп. Имено, при извршен претрес на дом и други помошни простории во Прилеп кои ги користи Д.Т. пронајден е пиштол калибар 7.65мм,  како и 45 парчиња муниција кал.7.65мм, велат од МВР.

Оттаму информираат дека против ова лице ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ. сх/нд/

Фото: МВР

 

Остани поврзан