• сабота, 23 ноември 2024

Приведен претседателот на Стопанскиот суд во Подгорица

Приведен претседателот на Стопанскиот суд во Подгорица
Подгорица, 9 мај 2022 (МИА) - Црногорскиот министер за внатрешни работи Филип Аџиќ денеска потврди дека е приведен претседателот на Стопанскиот суд, Блажо Јованиќ, јави Бета. „Денешната, како и неодамнешните акции, се најдобри показатели на посветеноста и бескомпромисната борба против организираните криминал и корупција, што е и поставено како еден од клучните приоритети на Владата. Секојдневно ќе ја зајакнуваме довербата во безбедносните институции. Ова е само почеток“, изјавил Аџиќ, според соопштението на Министерството за внатрешни работи. Припадници на Специјалното полициско одделение го уапсија претседателот на Стопанскиот суд, Блажо Јовановиќ, поради постоење основано сомнение, дека тој е организатор на криминална група, што претходните години, со злоупотреба на службената позиција и други кривични дела, ја оштетила државата за над десетина милиони евра, објави претходно ТВ Вијести. Покрај Јовановиќ, во акцијата што се спроведува по налог на главниот специјален обвинител, Владимир Нововиќ, уапсени се уште десетина лица од повеќе црногорски градови. Припадници на Специјалното полициско одделение утрово извршија и претрес во просториите на Стопанскиот суд во Подгорица. бд/ссм/

Остани поврзан