• вторник, 24 декември 2024

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од три и пол години

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од три и пол години

Скопје, 19 декември 2023 (МИА) - На подрачјето на Карпош, денеска во 12.10 часот  полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј. (28) од Скопје, соопштија од МВР.

Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 237 став 3 во врска со став 19 од Кривичниот законик.

- Лицето е предадено во Полициската станица Карпош, по што ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната, се наведува во соопштението од МВР. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан