• вторник, 24 декември 2024

Приведен крадец на територија на Бит Пазар, украденото вратено на сопственикот

Приведен крадец на територија на Бит Пазар, украденото вратено на сопственикот
Скопје, 3 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од ПС Бит Пазар денеска на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје го лишиле од слобода И.Б. (55) од Скопје поради извршено кривично дело тешка кражба по чл.236 од Кривичниот законик на РСМ, сторено на 15.07.2022, соопшти Министерството за внатрешни работи. Извршен е службен разговор и приведениот во целост го појаснил начинот на извршување на кривичното дело. Одземеното е вратено на оштетениот, а против И.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство, информираат од МВР. рп/лв/

Остани поврзан