Приведен крадец во Тетово
- Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 15.30 часот на улица „Штипска" во Тетово го лишиле од слобода В.Ф.(37) од с. Горно Палчиште, поради основано сомнение дека е извршител на кривично дело „тешка кражба“, извршено во текот на минатата недела во угостителски објект во село Пирок, каде биле украдени пари.

Скопје, 7 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 15.30 часот на улица „Штипска" во Тетово го лишиле од слобода В.Ф.(37) од с. Горно Палчиште, поради основано сомнение дека е извршител на кривично дело „тешка кражба“, извршено во текот на минатата недела во угостителски објект во село Пирок, каде биле украдени пари.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, В.Ф. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.лв/