Приведен дилер, претрес во скопско Чучер Сандево, пронајдени амфетамин, марихуана, масло од канабис
- Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР во координација и заедничка акција со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Б.А.(33) од скопското село Чучер Сандево.

Скопје, 18 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР во координација и заедничка акција со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Б.А.(33) од скопското село Чучер Сандево.
При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени околу еден килограм амфетамин распределен во пакувања подготвени за улична продажба, околу половина килограм марихуана, масло од канабис и дигитална вага.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО Скопје, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. цр/
Фото: МВР