• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари

Кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари

Скопје, 30 јули 2025 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(40) и А.Н.(46), двајцата од Велес и правно лице со седиште во Шуто Оризари поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 од Кривичниот законик.

Како што денеска соопшти МВР, тие во временски период од најмалку шест месеци, заклучно со 9 јули 2025 на парцели во општина Шуто Оризари во сопственост на М.К. постапиле спротивно на законските одредби од чл.64 од Законот за управување со отпад и без да поседуваат дозвола за управување на отпад на предметните парцели складирале и транспортирале отпаден материјал, а на 9 јули 2025 година, околу 08:45 часот, складираниот отпад се запалил и бил предизвикан неконтролиран пожар.

Од страна на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РСМ извршени се мерења и утврдено е зголемено ниво на загаденост од горењето на складираниот отпад, велат од МВР. дма/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан