• понеделник, 14 октомври 2024

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Скопје, 13 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода Ф.И.(47) од селото Горно Седларце, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуaна и бела прашкаста материја.

Како што информираат од МВР, подоцна со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка и куршуми за пушката.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.бт/aa/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан