• сабота, 23 ноември 2024

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Скопје, 19 мај 2024 (МИА) -  Полициски службеници од СВР Битола, ноќеска во 00:20 часот, на ул.„Охридска“ во Битола  го лишиле од слобода триесет и шестгодишниот битолчанец И.М.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан