• четврток, 26 декември 2024

Приведен велешанец за претепување сограѓанин, кој починал од здобиените повреди

Приведен велешанец за претепување сограѓанин, кој починал од здобиените повреди
Скопје, 15 јули 2022 (МИА) - По преземени мерки и активности и координација на СВР Велес, СВР Струмица и велешкото Основно јавно обвинителство, синоќа во 22.45 часот на место викано „Стара Мрдаја“ во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода 43-годишниот велешанецот Г.Ш.. Тој се сомничи дека на 9 јули 2022 во казино во Велес го нападнал и му нанел повреди на 46-годишниот велешанец Д.В., кој на 13 јули 2022 од здобиените повреди починал во Општата болница во Велес. По преземени мерки, информираа денеска од МВР, извршени разговори со повеќе лица, како и прегледување на безбедносните камери од казиното, било дојдено до сознанија дека сторител на делото е Г.Ш., кој бил пронајден и лишен од слобода во Стар Дојран. - По преземени мерки било констатирано дека на 09.07.2022, Д.В. со повреди бил пренесен во болницата во Велес и во службен разговор со полициските службеници изјавил дека не се сеќава како се здобил со повредите, по што самоиницијативно ја напуштил болницата. На 13.07.2022 во својот дом тој бил пронајден во тешка состојба и повторно бил пренесен во болницата каде што починал. По наредба на јавен обвинител врз телото била извршена обдукција и било утврдено дека смртта настапила како последица на здобиените повреди, соопштија од МВР. По целосно документирање на случајот и во координација со Основното јавно обвинителство Велес, против Г.Ш. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. цр/сп/

Остани поврзан