• сабота, 23 ноември 2024

Приведен битолчанец по централна потерница за издржување казна затвор од 6,3 години

Приведен битолчанец по централна потерница за издржување казна затвор од 6,3 години

 Скопје, 21 јули 2023 (МИА) - МВР соопшти дека вчера на улицата „Караорман“ во Битола полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Џ.(22) од Битола кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години и три месеци за сторени кривични дела по член 238, 242, 236 и 396 од Кривичниот законик.

Д.Џ. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната. Инаку, при лишувањето тој физички нападнал полициски службеници за што ќе му биде поднесена соодветна пријава. мч/бак/

фото: МИА архива

Остани поврзан