Приведено лице од Љуботен, осудено на казна затвор
- Четириесетгодишен жител на селото Љуботен денеска бил приведен за издржување затворска казна.

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Четириесетгодишен жител на селото Љуботен денеска бил приведен за издржување затворска казна.
МВР информира дека околу 13:30 часот, на Љуботенски пат од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција од слобода е лишен А.М.(40).
- Тој се барал со судска наредба за издржување казна затвор во времетраење од една година за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик, информира МВР.
Лицето е предадено во полициската станица Чаир за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа. ир/бак/
Фото: МИА архива