• понеделник, 23 декември 2024

Приведено лице од Кочани кај кое се пронајдени два пиштола 

Приведено лице од Кочани кај кое се пронајдени два пиштола 

Скопје, 18 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Кочани вчера го лишиле од слобода Д.В.(49) поради сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување огнено оружје“ по член 396-а од Кривичниот законик.

МВР денеска соопшти дека полициски службеници кај него пронашле и одзеле два пиштола калибар 7,62 милиметри без фабрички број, односно им биле избришани ознаките.

- Со него бил извршен службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР. цр/бак/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан