Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
- Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Неготино, 6 мај 2024 (МИА) - Педесет и седумгодишник од неготинското село Долни Дисан, синоќа во 22 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Неготино, поради бегство од казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“, каде издржувал затворска казна.
Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната. бд/бак/
Фото: МИА архива