• недела, 17 ноември 2024

Приведено лице за кражба од џамија во Скопје

Приведено лице за кражба од џамија во Скопје

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - Полицијата вчера уапсила 37-годишно лице од Косово осомничено  за кражба на пари од џамија во скопски Бит Пазар.

-На 26.08.2023 во 20.30 часот во Скопје, на подрачје на Центар, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Н.Р.(37) од Косово, поради основано сомнение дека на 29.07.2023 околу 10.00 часот од џамија на подрачје на Бит Пазар со употреба на сила одзел пари, информира во соопштение Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.лв/свс/

Остани поврзан