• сабота, 05 октомври 2024

Приведено лице во Скопје, по распишана централна потерница

Приведено лице во Скопје, по распишана централна потерница

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Во скопското село Инџиково денеска во 13:35 часот е лишен од слобода П.К.(23) од Скопско. За него била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна во траење од една година. 

Како што соопшти МВР, лицето е предадено во ПС ОН Гази Баба за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа. мд/аа/

Фото: МИА архива 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан