• вторник, 24 декември 2024

Приведени четири лица, кај нив пронајдени два килограми марихуана

Приведени четири лица, кај нив пронајдени два килограми марихуана

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес вчера во 13.50 часот, ги лишиле од слобода Ѓ.П.(54) од село Ореше, општина Чашка, И.М.(47) од Струмица, Х.М.(37) од Кочани и Р.Г.(46) од село Богомила, општина Чашка, кај кои биле пронајдени околу два килограми марихуана.

- По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Х.М. и „фолксваген голф“ со велешки регистарски, управувано од Ѓ.П., а во кои се превезувале и другите лица. Притоа, во возилото „рено“ биле пронајдени околу два килограми марихуана, информираа денеска од МВР.  

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото: МИА и МВР

Остани поврзан