• сабота, 23 ноември 2024

Приведени четворица крадци во Куманово, следуваат соодветни пријави

Приведени четворица крадци во Куманово, следуваат соодветни пријави

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Полицијата вчера ги лишила од слобода Ѓ.С.(32) и С.Б.(27), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 21 јули годинава одзеле предмети од приватен имот во Куманово.

Како што информира МВР, вчера, во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Р.(31) и Е.И.(34), двајцата од Куманово затоа што од приватен имот во Кумановско одзеле домашни животни.

- Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението од МВР. мд/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан