• вторник, 17 декември 2024

Приведени македонски и албански државјанин, затекнати при пустошење шума на Јабланица

Приведени македонски и албански државјанин, затекнати при пустошење шума на Јабланица

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници на Единицата за брзо распоредување денеска во подножјето на планинскиот врв Стрижак на планината Јабланица го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ф.Н.(41), затекнат при нелегална сеча на шума, поради што се сомничи дека сторил кривично дело „пустошење на шума“, казниво по член 226 од Кривичниот законик.

При преглед на теренот, информираа од МВР, била пронајдена и локацијата каде што исечените дрва биле складирани и подготвени за транспорт, каде бил затекнат на И.Б.(50) од струшкото село Велешта, со патничко возило „ауди“, а на местото биле пронајдени околу 25 метри кубни дрва, багер, пили, секира и други предмети поврзани со кривичното дело.

- Двете лица се приведени и ќе бидат предадени во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе следи соодветна пријава, соопштија од МВР. цр/са

Фото:МВР

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан